УХМР со најава за врнежи од дожд, снег и заладување

Сподели со своите пријатели

Утре и во петок ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени.

Како што информираат од Министерството за внатреши работи, во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран, кој ќе услови зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15л/м2. Девната температура за викендот значително ќе опадне, особено во недела, кога ќе се движи од 6 до 11 степени.

 Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на времето.