Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва беше на средба во Мала Речица, каде седна на маса со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде се воделе преговори за формирањето на Владата.
По завршување на средбата Заев рече дека сите преговори се во рамките на Уставот и таму нема ништо да се менува, потенцирајќи сепак дека се надминати голем дел од разликите кои постоеле во ставовите помеѓу двете партии.
Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за 6 месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат. Се преговараше на каков начин ќе се употреби албанскиот јазик во однос на денарот, односно албанскиот јазик да биде ставен и на паричната единица и околу одредбите на употреба на јазикот во полицијата и армијата, односно на нивните амблеми, употребата на јазикот во судските процеси, како и во владините документи и законодавниот дом – изјави Заев, а пренесе Телевизија 24.

