Во организација на граѓанското здружение „Зени“ денес пред Основниот суд во Куманово се одржа протест поради судењето на Бобан Илиќ кој е обвинет з аубиството на Алмир Алиу и обид за убиство на родителите на четиригодишниот Алмир.

Со пароли „Ако бобан е луд и ние ќе полудиме“, „Националист“ и „Кукавица“ тие побараа Илиќ да ја добие максималната казна за стореното кривично дело, но и порачаа истиот да не биде прогласен за психички нетабилна личност и да одговара за делото за кое е обвинет.

Протестантите имаа и обраќање и соопштение на албански јазик, но поради тоа што не сакаа да зборуваат македонски и да ги испочитуваат македонските медиуми кои го следеа протестот, истите нема да ги пренесеме.




