Албанците утре на протест пред судот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Припадниците на албанската етничка заедница во организација на граѓанско здружение „Зени“ утре со почеток во 10 часот ќе протестираат пред Основниот суд Куманово каде треба да започне судењето против Бобан Илиќ за убиството на четиригодишниот Алмир.

Како што велат ќе побараат правда и правично судење за убиството на Алмир и обидот за убиство на неговите родители за кои Илиќ се соочува со казна од 10 години до доживотен затвор според Кривичнио законик на Република Македонија.

Во случајот освен против Бобан Илиќ кривични пријави беа поднесени и против таткото С.А. (36) С.Д.(36) и А.А.(32) за сторено кривично дело насилство.