Дел од градот без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 09,00-11,00 часот без напојување со електрична енергија ќе биде селото Лопате и во периодот од 10,00-12,00 часот, ке бидат улицата „11-ти Октомври“, населбата Железничка Станица, како и улиците „Ибе Паликуќа“, „Јован Поповиќ“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи,

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа. На повеќе локации струја немало и во текот на вчерашниот ден.

Во поладневните часови, поточно од 17,50 часот до 18,20часот, градското подрачје имало дефект на висок напон, а без струја биле и улицата „Сава Ковачевиќ“, како и Касарната во населба Карпош, АМСМ, дел од Општа болница Куманово, како и улиците „Божидар Мицковиќ“, „Никола Вапцаров“, стои во извештајот на РЦУК.