Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 6 степени целзиусови.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Од вторник облачноста ќе се намали и ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури а дневните ќе бидат во пораст.