Директорот на „Зафир Сајто“ ги негираше обвинувањата за непотизам на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

По денешните обвинувања на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово дека градоначалникот Зоран Дамјановски изнајмил општински простории за приватна здравствена ординација на неговата ќерка Марта Дамјановска и дека истите се сместени во Домто за стари лица „Зафир Сајто“, со реакција се јави и директорот на оваа установа Џемаљедин Неџипи кој ги негираше сите наводи изнесени на прес конференцијата.

Вистина е дека имаме склучен договор за закуп, но не е со Марта Дамјановска, туку имаме склучен договор со сосптвеникот на ординацијата, односно со закупец др. Марјан Тошиќ. Значи станува збор за јавна набавка под закуп, значи склучено на 16.02.2010 година. Согласно договорот станува збор за површина од околу 175 вадрата, за времетраење во период од 10 години и значи ние ќе го почитуваме договорот, во мојот мандат го наследив овој договор и мислам дека треба да продолжи, бидејќи е вклучен во 2010 година од овластена директорка, односно поранешната директорка Мирјана Атанасовска – изјави Неџипи.

Неџипи вели дека во овој момент нема ниту еден друг договор за закуп.