„Зоран Дамјановски, Општина Куманово ја претвори во свој сопствен пашалак и се однесува како општината да е негова сопственост“ – рече Новица Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција обвинувајќи го градоначалникот за непотизам.
Тие обвинуваат дека градоначалникот Зоран Дамјановски изнајмил општински простории на својата ќерка Марта Дамјановска за нејзината приватна медицинска ординација.
Дамјановски, ординацијата на ќерка си ја сместил во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Зоран Дамјановски – Циц на својата ќерка и го отстапил на користење општинскиот имот од 175 метри квадратни за наредните 10 години по 1,5 евра за метар квадратен. Жално. Додека граѓаните тонат во проблеми, Дамјановски инеговата ќерка си ја присвоија општината. Ситуацијата во Општина Куманово е очајна. Дамјановски се грижи единствено за своите лични интереси и ја запусти општината – рече Новица Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски додава дека додека Дамјановски се богати, граѓаните на Куманово живеат како во 19 век и како што истакна на криминалното недомаќинско работење наскоро му доаѓа крајот.
Loading...