Прекини на електричната енергија во делови од градот

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија денес во период од 10 до 11 часот ќе остане населбата Карпош и дел од улицата „Маршал Тито“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од 9 до 10 часот без напојување ќе биде дел од населбата Перо Чичо, а од 9 до 12 часот дел од улицата „Благе Илиев Гуне“.

Како што посочуваат од РЦУК и ЕВН Македонија станува збор за планирани прекини поради интервенција во електро дистрибутивниот систем со цел подобрување на услугата кон корисниците.

 

Loading...