Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за криучарење дрога, открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, оружје и муниција, цигари, возило со бункери, делови за возила, тестови за бременост и облека, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Две таблети екстази и 1,5 грама марихуана биле откриени од царинските службеници на граничниот премин Табановце, при контрола на шведски автомобил, со кој за излез од државата се пријавиле двајца шведски државјани. Таблетите екстази биле пронајдени во паричник сместен помеѓу предните седишта, додека марихуаната била пронајдена во зипер кесичка, сместена во кутивче од тутун за жвакање, која се наоѓала на патосот кај задните седишта.
Loading...
На граничниот премин Табановце автопат привремено бил задржан италијански автомобил во кој биле откриени специјално подготвени бункери наменети за криумчарење стока. Автомобилот бил пријавен за излез од државата, а управуван од албански државјанин. Имено, со вадење на задната клупа од горе наведеното возило и отварање на страничните тапацири од десната и од левата страна, цариниците пронашле две специјално направени електронски брави и две празни шуплини облепени со текстилен материјал за криумчарење на стока. Против возачот е отпочната соодветна постапка.