Професорот по хармоника Светлана Трајковска ќе го замени местото на Ивана Андоновска Свилар на позицијата директор во основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово.
Смената доаѓа по завршување на мандатот на досегашнито директор, а Трајковска била единствениот кандидат пријавен на конкурсот од Секторот за образование при Општина Куманово.
Во меѓувреме Телевизијата Алсат-М објави дека е променет статутот на училиштето со што е укината пречката за формирање паралелка со албански наставен јазик.
Како што пренесува порталот на телевизијата, советниците на ДУИ од Куманово велат дека со почетокот на следната учебна година ќе започне и да се одвива настава во паралелка на албански јазик.
Измената е направена во Секторот за образование во општина Куманово, од каде вчера е упатена до МОН за и таму да биде усвоена. Ова подразбира дека од наредната година ќе стартува и паралелката на албански јазик“. – изјавил за Алсат-М Ридван Хасани, советник на ДУИ.
Во музичкото училиште “Панче Пешев“ моментално околу 50 ученици Албанци настава следат на македонски јазик.