Осумгодишно дете од Бангладеш е принудено да го поминува животот во куќен притвор затоа што другите деца се плашат од него како и поради ужасните болку што ги трпи кога некој ќе го допре што е последица од неговата ретка болест.
Мехенди Хасан е исфрлен од друштвото поради акутната болест која кожата му ја претвора во камен. Додека неговото лице изгледа нормално, остатокот од неговото телот е покриено со дебела и тврда кожа која му го отежнува одењето и допирањето.
Неговата заедница, дури и неговата баба се плаши од него, а според зборовите на мајката на момчето таа ја повикува владата да се обиде да најде лекар за него кој ќе го спаси.
-Луѓето го презираат, мислат дека е валкан поради неговата состојба. Тој живее во куќен притвор веќе 8 години затоа што луѓето се плашат и му довикуваат грди работи. Го мразат и никој не сака да го гледа или да јаде пред него, дури и неговата баба. Ја проколнувам државата да му помогне, изјави неговата мајка Јаханара Бегум.
Loading...