Проблемот со затоплување на училиштата надминат, до среда борба за обезбедување нафта

Сподели со своите пријатели

Проблемот со затоплување на четирите основни училишта во текотк на вчерашниот ден веќе е надминат. Како што информираше раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Жика Крстевски ниските температури, но и проблеми со фирмата која требала да доставува редовно нафта го отежнуваат одвивањето на образовниот процес.

Според Крстевски, договорот на таа фирма е веќе истечен, склучен е нов договор на тендерска постапка, меѓутоа законската процедура предвидува и рок за жалба на втората фирма која се јавила на конкурсот, па се прават напори до среда да се надмине овој тежок период.

Вчера точно е дека имаше проблеми во четири основни училишта го надминавме тој проблем во попладневните часови меѓутоа сега се бориме за понеделник и вторник како да обезбедиме за уште тие два дена кои се клучни до отпочнување на испорака на новата фирма. Ова е предочено и на одделението за јавни набавки кое ги врши и ги обработува сите овие тендери да се воспостават такви односи со добавувачот на нафта за да немаме повеќе вакви исцрпувачки моменти и за дечињата кои седат во недоволно затоплени училници, ова е една исцрпувачка работа колку нафта ќе се донесе, дали ќе може нормално да се одвива образовниот процес така што имаме сознанија дека се работи за многу посериозна фирма и очекувам дека ќе го премостиме понеделник и вторник , така што од среда мислам дека имаме една нормална состојба и дека ова ќе биде тема која повеќе нема да биде дежурна на медиумите и да не трпиме критики и од родители и од наставен кадар и од сите оние кои оправдано се засегнати од она што се случува во образованието – изјави Крстевски.

Инаку вчера четири училишта поради недостаток на нафта за затоплување останаа со ладни училници, настава или имаше со скратени часови или пак децата беа враќани назад.

Родителите се заканија дека децата нема да ги испраќаат на настава, а започнаа да вршат и притисок врз директорите на училиштата кои пак немоќни креваат раменици и очекуваат локалната самоуправа да го реши проблемот.

Училиштето „Христијан Карпош“ во наслебата Перо Чичо вчера попладне добило нафта, но не во доволни количини за подолг временски период. Како што велат извори од училиштето нафта ќе има за денес и утре, а за од понеделник надеж дека викендов ќе се обезбедат нови количини.

фото: архива