Здружението на граѓани, „Кумановски акцијаши“ денес беше во посета на Општинската организација на СДСМ од Куманово каде на претседателот Мартин Костовски и партијата им доделија благодарници за соработката која ја имале во текот на изминатата година.

Во оваа прилика се собравме во општинската организација на СДСМ со намера да искажаме благодарност за ангажманот на СДСМ во развојот на областа заштита и унапредување на животната средина. Активности кои тие минатата година ги направија со проектот „Моето маало“. Воедно сакавме да изразиме благодарност за сестрана поддршка на Мартин Костовски кој како личност ни помагаше во дејствувањето и токму од тие причини дојдовме овдека со намера да им доделиме благодарници – вели Љатифи.

Со партијата во текот на 2016та година заедно го реализираа проектот „Моето маало“ кој ќе продолжи и во текот на оваа година.
Особена благодарност до Јусуф човек кој што ја започна целата причина со здружението на граѓани Кумановски акцијаши, здружение кое што од ден на ден е се повидно и зазема значајна улога во општествениот живот во општината. Пример како што треба и доликува на секое акцијашко здружение како треба да се однесуваат за општо-корисна работа во средината во која што живеат. Особена чест и задоволство ми е да ја примам оваа благодарница, признание лично за мене како и за општинската организација на СДСМ, бидејќи минатата година проектот „Моето маало“ се докажавме или се обидовме да се докажеме како луѓе кои што нашето слободно време за викендите ќе го искористиме со цел да оплемениме, разубавиме една средина во нашата општина – изјави Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.


