Вклучен црвениот аларм: Кумановските училишта без греење

Сподели со своите пријатели

Неколку основни училишта кои користат нафта како суровина за греење останаа со ладни училници, откако залихите со нафта се потрошија.

Родителите остро реагираат и најавуваат дека ако проблемот не се реши, од утре нема да ги пуштаат своите деца на настава.

Јас како рдоител во основното училиште каде што моите деца учат би изјавил дека веќе неколку пати се случува, ова не е прв пат, ова е можеби петти пат што нема греење во училиштето, секој пат ни ветуваат дека ќе има греење, но по неколку денови нема. Одиме до директорката сите родители заедно, директорката мислам дека нема вина бидејќи таа не го анбавуваа греењето, мислам дека тоа е локална или државна самоуправа, не ме интересира кој се занимава со тие работи, но училиштето нема грњеење. Нашите деца сакаме да учат тука, бидејќи тука учел мојот родител, сум учел јас, сакам и моите деца. Денес нема греење, вчера нема, реагиравме до директорката, таа дига раце затоа што навистина не е до неа, не знам до кога е, но барам од локалната самоуправа да реагираат затоа што не можеме децата да ги оставиме вака да смрзнуваат. Срамота е во 21 век да немаат греење во училиштето – вели загрижен родител на ученик од ОУ „Вук Караџиќ“.

Жика Крстевски, раководител на Секторот за образование при Општина Куманово вели дека е вклучен црвениот аларм, добавувачот од Струмица кој требал да достави нафта не го испочитувал договореното.

Правиме натчовечки напори да ја средиме ситуацијата. Од утринава обезбедивме одредени количини нафта, па наставата во втората смена ќе се довива во затоплени простории. Фирмата од Струмица која требаше да достави 15 тони нафта не го направи тоа, но работиме на надминување на проблемот. Веќе е избрана нова фирма за набавка на нафта за греење, но проблемот е во рокот за жалба која ја има втората фирма која конкурираше. Тој рок ситекува во вторник и се надеваме дека од среда ќе се стабилизира состојбата – вели Крстевски за радио „Бум“.

Учениците со скратени часови ја завршија првата смена, а оние училишта кои се затоплуваат на природен гас и огревно дрво немаат проблеми со затоплувањето на училниците и таму наставата се одвива без проблеми.