Низа инвестициски проекти на ЈП „Водовод“ во текот на годината

Сподели со своите пријатели

Програмата за работа на јавното претпријатие „Водовод“ за оваа година, која вчера ја изгласаа советниците предидува неколку проекти кои ќе ја подобрат работата на претпријатието, но и услугите кои граѓаните ќе ги добиваат во иднина.

Еден од најважните проекти кој ќе започне со реализација на почетокот на следната година, а за кој веќе се обезбедени средства предвидува изградба на атмосферска канализација од околу 19 километри.

Во програмата околу делот за атмосферска канализација е доста малку напишано затоа што во Куманово имаме околу 20 километри атмосферска канализација. Бидејќи го увидовме овој проблем, заедно со градоначалникот на Општина Куманово преку Североисточниот плански регион четврти месец 2015 година е изработена програма, односно техничка документација и проекти кои што се ревидирани и во наредниот период, очекуваме почетокот на 2018та, бидејќи за тогаш се обезбедени средства преку ИПА фондови отпочнување на изградба на 19,21 километар атмосферска канализација во Општина Куманово – рече Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Како што потенцираше Стојковски моментално се работи на изградба на 20 километри фекална канализација, проект кој се очекува да заврши до крајот на оваа година, а за намалување на загубите на вода ќе бидат набавени мобилни софтверски апликации со цел спречување на овој доглогодишен проблем.

Во 2010 година претпријатието регистрирало загуби од 63,57 литри вода, бројка која за околу 10% е помала во почетокот на оваа година.

Поради тоа голем дел од нашата инвестициона програма се однесува токму на ова, намалување, правење напор за намалување на загуби на вода. Поради тоа првин ќе се изврши замена на полиетиленска цевка со челична цевка на потег на населба Провеце, техничка документација е веќе подготвена и ќе се распише тендер. Ќе се набави нов ровокопач во вредност од 60 илјаид евра, програмата е работена во декември месец, 31 јануари 2017 година можам да ве известам дека ровокопачот е веќе набавен, набавка на мобилна софтверска апликација за читање на водомери и набавка на софтверска апликација за ГИС систем – рече Стојковски“.

Како што потенцираше директорот веќе е набавен ровокопач во вредност од 60.000 евра, а претприајтието е во најдобрите пет во државата.

Во текот на изминатиот месец била забележана и енормна потрошувачка на вода, затоа што граѓаните ги оставале чешмите да течат во текот на ноќта за да не дојде до замрзнување на цевките. Стојковски апелираше овие сметки кои можат да бидат повисоки од другите ако не може да бидат платени веднаш, да се склучат договори за одложено плаќање на рати.

Во просек во месец јануари екипите на  ЈП „Водовод“ бележеле по 30 интервенции дневно на пукнати цевки и водомери кои биле неадекватно заштитени.