Дневните температури во интервал од 2 до 8 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше облачно и тивко време, по одделни котлини со ниска облачност и магла, а во Полошката котлина сомагла и намалена видливост до 500 м. И на некои повисоки места имаше ниска облачност со намалена видливост до 200 м, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На североисток како и во југозападните делови беше ведро со мала облачност. Утринава во североисточните делови е сончево со мала до умерена облачност, во останатите делови облачно. По одделни котлини има ниска облачност и магла, а на некои повисоки места има ниска облачност со намалена видливост од 50 до 200 м.

Во текот на деднот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен рпавец, а максималната дневне температура ќе достигне 4 степени. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -2.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.