Самет Салиевски и официјално денес стана новиот советник во Советот на Општина Куманово, откако советниците го верификуваа неговиот мандат, а претходно и оставката на Максим Димитриевски од истата функција.
Самет Салиевски доаѓа од редовите на Коалицијата на СДСМ и е вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Новиот советник свечено вети дека со преземањето на функцијата ќе ги застапува интересите на граѓаните на Општина Куманово.
Loading...
Инаку Салиевски е претседател на културно-уметничкото друштво „Рушит Шакир“, но истата функција ќе треба да ја напушти со стапувањето на новата функција.