Заев го побара мандатот од Иванов за составување Влада

Сподели со своите пријатели

Со реченицата „Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер“ денес претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја започна прес конференцијата на која побара претседателот Иванов што поскоро да му го додели мандатот за составување Влада.

Заев вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја загуби можноста и порача дека држава нема време за губење.

Очекувам Иванов да ми го додели мандатот оти се друго би било кршење на Уставот. За сите е јасно дека граѓаните гласаа за промени. На Македонија и е потребна влада што ќе ги обедини граѓаните наместо да ги дели. Потребна е влада која ќе го подобри квалитетот на животот за сите и влада која ќе ги определи стратешки интереси на патот кон ЕУ и НАТО. Ние сме подготвени за формирање на влада која ќе ги спроведе договорите од Пржино и Итните реформски приоритети исклучиво во служба на граѓаните – рече лидерот на СДСМ.

Заев вети дека владата која ќе ја предводи ќе гарантира исти права за сите граѓани во Република Македонија, а на прашањето дали веќе има обезбедено мнозинство за формирање Влада, првиот човек на СДСМ вели дека веднаш кога ќе му биде доделен мандатот ќе започне преговори со партиите од албанскиот блок и јавноста ќе биде навремено запознаена со деталите.

 

Loading...