На 27.01.2017 година во 21.55 часот во СВР Куманово непознато лице пријавило тепачка помеѓу обезбедување и непознати лица во казино во Куманово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во 22.40 часот од страна на ОКТУПА бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 21.50 часот во казиното при примо-предавање на смена касиерите не биле во можност да издаваат жетони. Поради тоа две непознати лица почнале да викаат и да ги навредуваат со пцовки. Од страна на Д.С. (21) од Куманово, вработен како обезбедување, на лицата им било сугерирано да почекаат, по што истите го нападнале, со спреј го испрскале во пределот на очите и лицето, почнале да го удираат и му ја скинале блузата од униформата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.