Божиновска: Градоначалникот да прошета и да види колку се исчистени тротоарите (видео)

Сподели со своите пријатели

Нерасчистените тротоари и улици низ градот секојдневно го полнат Одделението за хирургија при Општа Болница Куманово, како што рече денес советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Злата Божиновска, во понеделник само за половина час шест граѓани дошле во Ургентниот центар со скршеници на екстремитетите.

 

Loading...

 

Меѓу оние кои се здобиле со повреди од замрзнатите јавни површини во градот е токму и Божиновска која вели дека неодговорноста на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Би требало да бидеш градоначалнице посовесен и да си ја преземеш обврската за што земаат установите пари и треба да го расчистат снегот. Ќе ве замолам прошетајте се покрај градинките, покрај училиштата и тротоарите во градот и видете дали се безбедни граѓаните. Би требало да чекаме пролет да дојде за да се стопи снегот и да бидат безбедни граѓаните во движењето по улиците и тротоарите – рече Божиновска.

 

Божиносвка нема да поднесе тужба против општината поради неисчистените јавни површини на кои ја здобила повредата, но вели дека ваквата неодговорност граѓаните на Куманово нема повеќе да го гласаат Дамјановски за прв човек на градот.

После владеењето на 20 години на СДСМ и 12 години на нашиот градоначалник господин Зоран Дамјановски мислам дека граѓаните ќе размислат и ќе знаат за кого да гласаат на следнит елокални избори затоа што гледаат како работи СДСМ и нашиот градоначалник – додаде Божиновска.

Инаку само во понеделник на хирушкото одделение во кумановската болница се јавиле 43 лица со повреди здобиени од замрзнатите површини, меѓу кои и 11 лица со скршеници од кои двајца поради сериозноста на повредите биле префрлени како итни случаи во Скопје.