Денес со почеток во 11 часот ќе започне крводарителска акција во организација на здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово.
Хуманитарната акција ќе се реализира во просториите на ДБД Комерц, односно Коледарски дом лоциран во населбата Карпош во период од 11 до 15 часот.
Од здружението ги повикуваат и сите заинтересирани хумани граѓани да им се приклучат во акцијата.