Патничко возило вчеравечер изгорело во пожар на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај обиколницата во близина на бензинската пумпа.
Станува збор за патничко моторно возило марка „Мерцедес“, а во пожарот нема повредени, туку причинета материјална штета поради неисправна инсталација на возилото.
Пред четири дена пожарникарите од Крива Паланка интервенирале на гаснење автомобил на истиот патен правец.
Loading...