Институциите потфрлија, кумановските села отсечени од цивилизација (галерија)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните гневни на институциите кои иако недела дена го најавуваа студениот бран, сепак потфрлија во справувањето со снежното невреме. И на 20тина сантиметри снег, селата се завеани и отсечени, без електрична енергија, а до нивните домови не може ниту пеш.

Ништо поразлична не е ситуацијата и во приградските населби, каде патиштата се слабо исчистени, а надлежните велат дека солта која ја фрлиле поради екстремно ниските температури не делува.

Револитрани жители не селото Умин Дол велат дека во двата правци се блокирани, а блокиран е и пристапот кон селото Никуљане, како и скоро сите други села на потегот на Општина Старо Нагоричане.