Македонија во жолта и портокалова фаза поради екстремно ниските температури

Сподели со своите пријатели

Екстремно ниските температури ги вклучија жолтите и портокаловите аларми кај институциите, а како што информираат од Регионалнито центар за управување со кризи, северозападниот и североисточниот дел од државата е во портколова – алерт 2 фаза, а останатиот дел од државата меѓу кој и Куманово е во жолта фаза.

Детални информации за превземање заштитни мерки од Фаза 1 и Фаза 2 можат да се најдат на http://studenibranovi.mk/mk или во печатениот Здравствен акционен план за превенирање на последиците од студени бранови врз здравјето на луѓето. Препораки за заштита од студениот бран и можни ризици по здравјето при ниски температури може да се најдат на печатените флаерите или на следниот линк http://studenibranovi.mk/mk_opsti_preporaki.asp

Времето денес ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. На места повремено ќе провејува слаб снег.Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од -13 до -6 степени.

Во наредните денови  ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури  насекаде ќе бидат многу ниски, особено утре, кога на места ќе се спуштат и под -20-тиот степен, а дневните ќе бидат во благо покачување.