Левица Куманово: Локалната власт покажа крајна несериозност во поглед на справување со снегот
On:
Сподели со своите пријатели
Локалниот огранок на Левица од Куманово преку соопштение апелира до локалната власт да покаже одговорност во справувањето со снегот и да наместо да лицитира со бројки колку сол било фрлено, да излезат и да ги исчистат улиците.
Додека локалната власт лицитира со бројки, колку тони сол фрлиле на улиците, граѓаните се соочуваат со неверојатни потешкотии низ патната инфраструктура во Куманово. Улиците се завеани и лизгави, па автомобилите тешко пробиваат низ угорнините, а се поголема е и опсаноста во собраќајот. Градскиот превоз не функционира. Локалната власт покажа крајна несериозност во поглед на справување со овој проблем. Во 21-ви век, градот е парализиран од 20 сантиметри снег среде зима, кога најмногу е очекуван. Затоа Левица бара оспособување на ЈП „Чистота и зеленило“ за самостојно одржува на улиците и тротоарите, наместо народните пари да бидат „подарени“ на приватни компании кои не се способни да ја извршат услугата за која се платени. Очигледната неспособност на локалната власт, а и на централната, во справувањето со основните комунални проблеми не остава простор за надеж за решавање на посуштинските проблеми во нашето општество. Левица, преку своето самостојно учество на локалните избори, ќе се обиде да го промени ваквиот несериозен пристап на институциите. Присуството на Левица, во советот нa Oпштинa Кумaнoвo , ќе ги примора идните локални власти да работат исклучиво во корист на граѓаните на Куманово. – стои во соопштението на Левица Куманово.