Над триесетина дечиња денес го посетија кабинетот на Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во рамки на иницијативата за прославата на големиот христијански празник Божик.
Божикната литија инаку е поддржана и благословена од Кумановско – осоговската епархија со тендеција, литијата да стане традиционална во Куманово, вели градоначалникот.
Малите коледарчиња утринава со песна, првпат на иницијатива на Бадниковата литија, влегоа во големата сала на општината, и така го означија почетокот на прославата на православниот верски празник.
-
Првпат на иницијатива на Бадниковата поворка, малите коледарчиња со божикни песни ја посетија локалната самоуправа на Куманово, и така го означија почетокот на прославата на големиот христијански празник, Божик, вели градоначалникот Дамјановски.
Децата тргнаа од големиот храм Свети Никола, по што застанавме кај градоначалникот, а потоа ќе продолжиме по улиците на градот, и во неколку куќи, вели едно од дечињата коледарчиња.


