Биљана Сечивановиќ и Дарко Филиповиќ гости на „Српско вече 2017“

Сподели со своите пријатели

Традиционално и оваа година Српската заедница во Македонија – регионален одбор во Куманово организира дочек на Православна Нова Година или „Српско вече 2017“.

Дочекот е традиционално во ресторан Грација, а специјални гости се познатите пејачи од Србија,  Биљана Сечивановиќ и Дарко Филиповиќ.

И оваа година Демократската партија на србите во Македонија и Српската заедница ќе се вклучат во одбележувањето на Бадник и Божиќ, кое ќе започна најпрвин со сечење на Бадниково дрво, оваа година во село Тромеѓа, кумановско.

Поаѓањето е кај црквата „Св. Ѓорѓи“ во Тромеѓа во 9:30 часот. И оваа година се очекува присуство на голем број на граѓани од православната вероисповед. По традиционалното сечење на сите присутни граѓани ќе им биде послужена топла ракија и посна бадникова трпеза.

ДПС и СЗМ ги повикуваат сите граѓанида земат учество во одбележувањето на празниците.