Денес врнежи од дожд, ноќва од снег, а за Божик до -20 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дождво пониските, дожд и снег на повисоките места, како и снег на планините. Максималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен односно североисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 5 степени. Со температура од -4 степени врнежите во форма на снег ќе продолжат и во текот на ноќта.

Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, особено предпладне. Од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата . Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени.