Првото бебе во Куманово за 2017 е машко (фото)

Сподели со своите пријатели

Првиот граѓанин на Куманово за 2017 година се роди рано утринава во 08:15 часот во кумановската болница. Триесет и едногодишната Сафие Арифи на свет донесе здраво машко бебе тешко 4,5 килограми, а поради големината на бебето лекарите се одлучиле на царски рез.

 

 

Сафие се чувствува стабилно, невработена е, а ова е нејзино трето дете. Од страна на градоначалникот на Општина Куманово бебето на штедна книшка како подарок ќе добие паричен износ на просечна плата.

Честито нека е во мое лично име во името на граѓаните, нека е живо и здраво. Нека има многу деца оваа година и се надевам дека ќе се подобри наталитетот и ќе одиме во позитивна насока – рече градоначалникот Дамјановски.

Во мое лично име и во име на болницата и честитам на мајката Сафие и на фамилијата Арифи. Ја користам приликата на сограѓаните да им ја честитам новата година и да им посакам се најдобро во 2017та – изјави Ариф Љатифи.

Во раните утрински часови се случи првото породување во 2017та година. Машки плод, 4,5 килограми, мајката и бебето се добри – изјави Даниел Милковски.

Вкупно две новороденчиња засега се родени на првиот ден од 2017 година, а 2016та завршила со околу 1.400 породувања.