Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски упати новогодишна честитка до сите свои сограѓани со желби за поубава година, берикетна исполнета со здравје и успеси.
Измина една година со големи предизвици на политичката сцена во Македонија во која сите збиднувања нека останат со нас со завршување на изборниот циклус на 11 декември. Година во која имавме големи осцијалции во општеството и се надевам дека влегуваме во една нова етапа од развојот на Република Македонија. На локално ниво 2016та во Куманово се одбележа со големи инвестициски успеси. Се завршија неколку големи капитални проекти, се започнаа големи капитални проекти, се заврши затворениот и отворениот пливачки базен, се завршија многу инфраструктурни објекти од комунална инфраструктура, отпочна изградбата на канализационата мрежа и рехабилитација и изградба во големина од 26 километри во град Куманово и многу други поситни проекти, од тип на енергетски фасади, реновирање на училишта, мостови и така натаму. На граѓаните на Куманово им посакувам во 2017та година да ја вратиме довербата, желбата за живот, слободата, демократијата, просперитетно Куманово, благосостојба на граѓаните на Република Македонија, а пред се на Куманово. Драги кумановци ви посакувам среќна нова 2017 година, среќни божиќни празници, нека во 2017та година започне нова ера на арзвој на Република Македонија. Македонија демократска, слободна, проевропска, економски просперитетна и ви посакувам се најдобро.

