Кумановец итно пренесен на скопскиот ургентен: Се повредил со пушка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11.00 часот на потегот помеѓу с.Пчиња и с.Орашец, при лов, Ј. В. (40) од Куманово се самоповредил, испукувајќи патрон од ловна пушка, во пределот на десната рака, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот бил пренесен во Медицински центар Куманово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.