Спасовски: Обраќањето на Иванов е бледо и режимско (видео)

Сподели со своите пријатели

Бледо и режимско обраќање, вака генералнито секретар на СДСМ и доскорешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски го опиша обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов до нацијата.

Иванов покажа дека во најтешните моменти за Македонија, немаше сили да излезе од партиската обвивка која што ја носи целиот и овој и рпетходниот мандат дека не може да излезе од стегит ена Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тогаш кога најмногу требаше поддршка за граѓаните на Република Македонија едноставно тоа не го стори. Така да ништо не очекувам нити очекував од ова излагање, повторно излагање како на еден портпарол на владејачката партија, истото го пвоторува што го повторува и Груевски. Јас истакнувам Македонија е унитарна држава и таква ќе остане, федерализации, кантонизации и разно разни глупости има само во главата на Груевски и очигледно дека таа пропаганда се проширила дури и на претседателот на државата. Едно знам дека Македонија се менува, дека Македонија ќе остане унитарна држава, држава на сите граѓаните, посплотен, поединствена без ралзика на тоа каква пропаганда ќе спроведуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери – изјави Спасовски.

На прашањето дали СДСМ ќе формира влада, Спасовски со одговор дека граѓаните сакаат промени и СДСМ ќе ја формира владата., а за 2017 на сите граѓани им посака многу здравје и среќа со желба тоа да биде година пресвртница за државата и граѓаните.