Облачно време со врнежи од снег и ветер до 100 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер кој повремено со брзина околу 100 км/час, особено на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално ќе провејува слаб снег. Температурата ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за слаб снег и дожд. Ќе дува силен вете од северен односно северозападен праец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 30 километри на час. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег, а температурата ќе се спушти до -4.

И утре времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со провејување на слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Дневната температура на повеќе места ќе се задржи негативна. Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринските температури.

За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.