Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со претставници на локалната самоуправа денеска оствари посета на двата Дневни центри за лица со интелектуална попреченост каде на корисниците во придружба на Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња.

Во Дневниот центар за лица со посебни потреби до 18 години, корисниците во знак на благодарност заедно со дамјановски пееја новогодишни песни.

Градоначалникот истакна дека ова е симболичен начин од социјалната програма да се оделат парични средства и во пресрет на новогодишните и божиќни празници да се внесе позитивен дух кај лицата со попреченост.
Отпочнуваме со нив бидејќи на нив им е најпотребна нашата поддршка, нашата помош. Како локална самоуправа и како граѓани правиме доста напори да ги убедиме граѓаните да ги ресоцијализираме овие лица и на некој начин ад добиваат ток на инклузија во оваа општество. Посакувам се најдобро на нив да имаат добар живот и здравје, а на нивните семејства исто така среќа и здравје за да може да се справат со сите предизвици со овие млади луѓе – изјави Дамјановски.

Како што истана Дејан Стојановски, едукатор во здружението „Порака наша“ова е недела на новогодишно расположение со секојдневни гости кои носат подароци за корисниците.
Сите неи сме возбудени, ја очекуваме новата година секој на свој начин па така и лицата со интелектуална попреченост. Инклузијата како таква е важна, ние од година во година затоа имаме се повеќе гости и пријатели кои сакаат да не посетат не само за нова година, туку и другите денови кога не е празник, токму поради таа инклузија, поради сит етие активности кои ги работиме во насока лицата со интелектуална попреченост бидат инклузирани во локалната заедница – изјави Стојановски.

Забележлив беше празничниот и весел дух кај корисниците на двата центри кои се заблагодарија за новогодишните пакетчиња и ја искористија можноста да се фотографираат со Дедо Мраз.


