Пожар во кумановско стовариште за граѓа

Сподели со своите пријатели

Пожар избувнал завчера во стоварише за граѓа на компанијата „ХОЏА“ лоцирано на улицата „Цар Самоул“ во Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во недела околу 19:50 часот бил пријавен пожар при што припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово веднаш излегле на терен со две против пожарни возила и петмина пожарникари и со огнот се бореле до 21 часот.

Во пожарот биле уништени канцеларискиот дел и помошните простории на стовариштето, а причината за избувнување, како и висината на настанатата материјална штета допрва ќе се утврдува.