„Дедо Мраз на мотор“ по девети пат во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

По девети пат годинава, членовите на Мото клубот „Мечки“ ја организираа новогодишната манифестација „Дедо мраз на мотор“.

 

 

Прерушени во Дедо Мраз околу дваесетина моторџии од клубот првин на градскиот плоштад се дружеа со најмалите, а потоа продефилирајќи низ градот се упатија кон Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост каде на корисниците им подарија новогодишни пакетчиња.

Се што им треба, прашуваме во текот на годината, најчесто тие сакаат да дојдеме само со моторите да ги подружиме, но што можеме да одвоиме од нашиот џеб, покрај тоа што им носиме пакетчиња, им носиме и некои неопходни работи за хигиена и други средства кои ќе им помогнат во престојот во дневниот центар. Ќе упатам апел до сите кумановци кои што можат да одвојат од својот џеб да им помогнат на овие дечиња тука во дневниот центар бидејќи стварно им е потребна помош, не само во дневниот центар тука, кој може да одвои и да им помогне – изјави Виктор Михајловски од Мото клубот „Мечки“.

 

Моторџиите го внесоа новогодишниот дух во дневниот центар, а радоста на корисниците беше неизмерна и со песна се заблагодарија за подареното внимание.

Ова не е прво дружење. Ние секогаш имаме активности со нив и тоа ги спроведуваме повеќе надвор од дневниот центар него внатре и тоа не прави за да можеме повеќе да се вклопуваме во сите општествени пори на животот и тие покажуваат дека се кроисни во оваа општество и дека може да бидат од корист во различни дејности – изјави Ивица Блогајевиќ, директор на Дневниот центар за лица со попреченост.

 

Дел од манифестацијата беа и членови од мото клубот „63та падобранска единица“, Мото клубот од Свети Николе, „Мунгоси“ и „Вепар“ од Скопје, како и гости од Србија.