Компјутерска опрема украдена од вагони на Табановце
On:
Сподели со своите пријатели
На 22.12.2016 година околу 05.15 часот на железнички премин Табановце, при преглед во воз кој сообраќал на релација Богородица-Табановце, од страна на Царински посредници било забележано дека недостасува пломба на три контејнери, по што настанот го пријавиле на граничните работници.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при извршениот преглед, од страна на вработени на ГП Табановце било утврдено било дека на првиот вагон биле скинати пломбите и одземени биле 11 монитори „ЛЦД 19,5“, „ЦЗ 01“ во вкупна вредност од 538 американски долари, на вториот вагон биле скинати пломби и одземени биле 36 куќишта за компјутери марка„Авентис TWR “, во вкупна вредност од 4644 американски долари, и на третиот вагон биле скинати пломби, но не било одземено ништо.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.