Куманово се разбуди на -8, максималната само до третиот степен

Сподели со своите пријатели

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правецќе биде времето во текот на денешниот ден. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината утринава имавме релативно ниска утринска температура од -8 степени целзиусови. Во текот на денот не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 3 степени.

Сончево, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти помеѓу -14 и -6, а дневната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат ведри и студени со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде претежно сончево, а зголемена облачност ќе има во недела. Ќе дува слаб до мерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во благ пораст.