22 штеки цигари запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, делови за товарни возила, регистарска табличка и сообраќајни дозволи, цигари и рибарски мрежи.

Вкупно 22 штеки цигари марка Chesterfield, Rodeo, Boss и Marlboro со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автобус, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во куфер сместен во багажникот на автобусот, се привремено задржани, а против возачот, кој се пријавил како сопственик на цигарите, е поведена соодветна постапка.

 

Loading...