Загадувањето на воздухот во Куманово утринава 7 пати над дозволеното

Сподели со своите пријатели

Воздухот во Куманово и утринава е рекордно загаден. Дури седум пати над дозволената максимална граница од 50 микрограми на метар кубен воздух се јавува присуството на канцерогените ПМ10 честички.

Во последното деноноќие, мернната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоко загадување има измерено вчеравечер околу 23 часот кога присуството на честичките во водузхот било 695 микрограми. Утринава иако имаше 220 што е пад во однос на ноќта, сепак е рекордно високо над дозволената максимално пропишана граница.

Се препорачува да не се излегува надвор без поголеми потреби, а бремените жени, децата, хорнично болните и оние кои работат на отворено да се придржуваат до мерките за заштита. Не се препорачува ниту проветрување на домовите.