Сончево и студено време, од понеделник услови за дожд и сннег

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од ноќта преовладуваше умерено а на некои места облачно време. Облачноста се намалуваше и во втората половина од ноќта насекаде во земјава беше ведро и студено. Дуваше слаб северозападен ветер, кој повеќе беше изразен на повисоките места и планините. Утринава насекаде во земјава е сончевои студено со слаб северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер ќе биде времето во текот на денот. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево, но студено времме. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе биде околу првиот степен над нулата. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -9 степени целзусови.

За викендот и в понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност и со благ пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.