Сончево до умерено облачно со температури до 8 степени

Сподели со своите пријатели

Утринава во земјава времето е сончево, тивко и студено. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со мала до умерена облачност и студено ќе биде времето во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Највисоката температура во земјава ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со умерен ветер од северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе биде 4 степени целзиусови.

Сончево со мала до умерена облачност и студено ќе биде и во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринските температури ќе се движат од -10 до -3 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 1 до 7 степени целзиусови.

 

Loading...