Кумановските гимназијалци државни прваци на противпожарниот натпревар (фото)

Сподели со своите пријатели

Ученциите од Гимназијата „Гоце Делчев“ во силна конкуренција освои прво место на државниот противпожарен квиз натпревар во Неготино.

 

 

Првото место на општинскиот натпревар, кумановските гимназијаци го крунисаа и со прво место во државата, а нивниот ментор, наставникот Драган Илиевски истакна дека е повеќе од задоволен од успесите на своите ученици.

Практично не се повторувавме, само теоретски дел, пожарни во урбана средина и шумски пожари, обемен материјал, но учениците покажаа максимум, се спермаа за сите натпревари, концентрирани, на првите два немаа воопшто нетачен одговор, вчера малку имаше кикс, меѓутоа подоцна се поправија и на крајот успеавме да бидеме први – рече Илиевски.

 

Второпласирани се учениците од Ѓорче Петров од Скопје, а третото место припадна за средношколците од Струга.

Учествував на овој противпоражен натпревар, заедно со Никола Спасовски и Теодора Додевска, се спремавме долго време за овој натпревар, учествувавме на општинскиот регионален натпревар, стигнавме до државен, и ние успеавме и завршивме како први, односно најдобри во Македонија – рече Моника Спасовска, ученичка во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Гимназијалците како награда ќе добијат таблети и пехар за екипно учество.