Вчера во 12.45 часот на Полициска станица за граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека М.П. (49) од Ново Село, струмичко, евидира на Стоп-Листа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истиот е лишен од слобода и во 13.45 часот, со Потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.