Времето денеска ќе биде умерено, во северните делови значително облачно со услови за провејување на слаб снег на планините. Ќе дува умерен, а на југоисток повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне од 2 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаби услови за дожд и снег Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 20 километри на час. Максималната дневна температура ќе се исачи до 4 степен, додека во текот на ноќта температурата ќе се спушти и до -4 степени целзиусови.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринската температура ќе се движи од -10 до -3, а дневната од 0 до 6 степени.
До понеделник времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник кон крајот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.