Планинарското друштво Куманово врши упис на нови членови

Сподели со своите пријатели

Со цел зголемување на членството, промоција на здравиот начин на живот, афирмација на планинарството како спорт и заштитата на животната средина Ве известуваме дека планинарското друштво Куманово врши прием на нови членови за наредната 2017-та година.

Во плановите на ПД Куманово за 2017 година е организација на неколку самостојни планинарски акции, а нема да бидат заобиколени и акциите организирани од страна на ФПСМ и клубовите со кои друштвото има воспоставена соработка.

Освен македонските планини во наредната година се планирани искачувања на
Јулиските Алпи во Словенија, планините Рила и Пирин во Бугарија, Олимп во Грција и Дурмитор во Црна Гора.

Чланаринатата изнесува 350 денари (100 денари за планинарска книшка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и котизација од 250 денари за потребите на друштвото).

Сите заинтересирани може да се пријават на редовните состаноци на друштвото што се организираат секој вторник од 19:00 часот во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ (заден влез).

Ве очекуваме!

Лице за контакт:
Стојанчо Стефановски – 077 572 098