БЕСА на прес конференција најави повеќе приговори за втората изборна единица каде се надева дека може да врати еден пратеник во своја корист, а на штета на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив разликата во гласовите била многу мала, а ВМРО-ДПМНЕ со манипулации добила нивно место во Куманово, односно во втората изборна единица. Како што рече Биљал Касами во интервју за порталот ТВ НОВА, БЕСА не освоила пратеник само за 150 гласови, а разликата била многу поголема во нивна корист.
Ние од нашите луѓе добивме едни податоци но кога излегоа официјалните податоци добивме други резултати и пет пратеници. ДУИ доби уште еден пратеник, 10 наместо 9 во ИЕ6 додека ВМРО-ДПМНЕ доби наше место во двојката и со ваквите манипулации води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние го оспоруваме тоа и имаме процес на жалби и се надеваме дека ДИК најмалку што може е да ги спореди реалните податоци и да ги отвори гласачките кутии па да види која е реалноста – изјави Биљал Касами, претседател на БЕСА.