Откако Државна изборна комисија ги соошти резултатите од изборите, престанува да важи договорот од Пржино за прреодна влада, а со тоа престануваат и мандатите на техничките министери и дополнителни заменици-министри.
Веќе од вчера завршија мандатите на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов во МВР, Диме Спасов во Министерството за труд и социјална политика, Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество.