На избирачко место бр. 1029 во Клуб на резервни воени старешини во Куманово, лице откако гласало го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По преземени мерки и активности утврдено е Ф.Д. од Куманово со мобилен го фотографирала гласачкото ливче, но фотографијата не е пронајдена во мобилниот телефон бидејќи веднаш била избришана. Против истата, поради фотографирање на гласачкото ливче, е поднесен Записник за констатиран прекршок по чл. 190 став 2 од Изборен законик.